Македонската кик бокс маи таи федерација ќе настапи со 12 кибоксери на силниот „Унгарија кик бокс Светски куп“ во Будимшета од 2 до 6 јуни. На Светскиот куп ќе настапат 3155 натпреварувачи од 263 клуба во светот.
Боите на Македонија ќе ги бранат: Александар Арапов, Марија Димовска (во две категории), Енсар Исеин, Марија Јанева, Роберт Косотовски, Иван Кукуновски, Иле Леков, Стефан Михајловски, Лана Павлов, Кристина Петковска, Марио Шишовски и Јадранка Темелкова.