Македонија освои 53 одличја на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен“

Македонските таеквондисти освоија 53 медали – 11 златни, 16 сребрени и 26 бронзени на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2024“ што се одржа во саботата. Во вкупниот пласман Македонија е втора, а првото место и припадна на бројната екипа на Бугарија со 117 одличја (43-29-45), додека на третото место е Србија 18 (5-4-9).  

По клубови, Фалкон од Бугарија е најуспешен со 21 медал – 9 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, потоа следат Тајгер тим 18 (7-2-9), Василена 11 (6-2-3), Некст 11 (6-0-5) и домќинот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид кој беше организатор со Македонската традиционална теквон-до федерација.

Македонските клубови настапија со следниот борј натпреварувачи: Мастер – 6, Ахилиус 5, Хва ранг ИТФ 19, Сонкал 8, Чонџи 4 и Хва ранг фист 10.

Учестваа над 400 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји во регионов, како Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.

„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON