Македонија остана без големиот мајстор на боречките вештини Златко Неделковски

Почина големиот мајстор на на боречките вештини и спортови Златко Неделковски.

Оваа вест ги изненади сите припадници на боречките спортови во нашата земја, а непријатната вест ја соопшти неговото семејство.

„Почитувани пријатели – членови на Академијата за боречки вештини и спортови ЗА НЕД ДО и спортски соработници.

Со жалење би сакале да Ве информираме дека денес 1 ноември 2020 година во 15 часот престана да чука срцето на нашиот татко – учител и мајстор Златко Неделковски [1960 – 2020].

Профилот во деновите кои следат ќе премине во меморијален.

Ви благодариме за Вашето сочувство и Вашите мисли се со нас како семејство и членови на Академијата за боречки вештини и спортови ЗА НЕД ДО кои половина век како спортски работник ги третираше како свои деца“, од семејството во тага.

Неофицијално причина за смртта е мозочен удар и проблеми со срцето.

Златко Неделковски е роден на 13.04.1960 во Битола, со боречки вештини почнува да се занимава од далечната 1971 година, кога почнува да тренира карате, за подоцна да продолжи да го следи концептот на џит кун до, кунг фу и кик бокс. Престојот во далечна Австралија му помогна да ја совлада ЧИ енергијата и да се усоврши самиот себе со помош на неговиот учител-Кинезот Чен. Се до смрта на својот учител тој не ги применуваше јавно своите способности со ЧИ енергијата… а подoцна започнува со демонстрации и пренесување на своето знаење на ќерката Дијана Неделковска. Своевремено носител на титулата шампион на Југославија со старокинеско оружје -1986 , шампион на Југославија во кунг фу бокс во категорија до 71 кг.-1988 и Европски шампион со старокинеско оружје-1992. Во 1985 година основач на првиот и единствен Кунг Фу клуб-Битола, а во 1992 година основач и на Кунг фу фул контакт сојузот на Македонија.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО