Единаесет земји освоија олимписки норми во слободен стил борење на последниот турнир, што им даде шанса да се пласираат на најголемиот спортски форум на планетата. За жал, Македонија не е меѓу овие 11 држави. На олимписките квалификации во Софија, Бугарија, настапивме со двајца борачи Владимир Егоров (-57 кг) и Фати Вејсели (-65 кг).
Егоров стигна до репасаж ну не успеа да на прави нешто повеќе. Владимир славеше против Левен Мертевели (Шпанија) 11-0 (ТТ), но беше поразен со истиот резултат од Јуки Такаши од Јапонија. Во репасажот Егоров се сретна со Романецот Разван Ковач 0-0, но ромаснкиот борач ќе се бори за третото место.
Вејсели загуби од Шпанецот Хуан Пабло Креспо со 2-8.
11 земји освоија визи, промовирајќи вкупно 12 финалисти во 6 категории.
Само составот на Јапонија овои две норми.
Да потсетиме дека Могамедгаџи Нуров освои олмписка норма со бронзениот медал на СП во Нурсултан во Азербејџан во 2019 година. Нуров е единствениот спортист од Македонија што има олимписка норма.
Ова се земјите кои освоија барем 1 норма во слободен стил за Олимписките игри во Токио на Свестските квалификации во Софија.
Јапонија – 2 норми (до 57 кг и до 86 кг)
Монголија – 1 норма (до 57 кг)
Грција – 1 норма (до 65 кг)
Полска – 1 норма (до 65 кг)
Украина – 1 норма (до 74 кг)
Белорусија – 1 норма (до 74 к)
Словачка – 1 норма (до 86 кг)
Италија – 1 норма (до 97 кг)
Романија – 1 норма (до 97 кг)
Русија – 1 норма (до 125 кг)
Индија – 1 норма (до 125 кг)