Во почетокот на 90-тите години на минатиот век на мала врата, срамежливо, навлегуваше кикбоксот на спортскат сцена во нашата земја. Тоа беше предизвик за најхрабрите. Но, жените кои тренираа кик бокс не бе а прифатени од средината, затоа што се сметаше дека ова е груб спорт. Сепак, жените станаа светски прваци и ја афирмираа Македонија на спортски план, покрај внатрешните недоразбирања.
Маја Витановска е еден од пионерите на женскиот кик бокс во Македонија, која за кратко време доживува славни моменти со горчлив вкус. Сите и се восхитуваа, имаше приеми кај сите позначајни личности во државата, како претседателот на држвата Киро Глигоров, за на крај бирократијата да не и ги признае резултатите. Таквиот однос ја откажува од кикбоксот и заминува за Лондон, а таму…
Што прави сега Маја Витановска?
-Живеам и работам во Лондон веќе 17 години. Работам како генерален директор и главен директор за финансиии во инвестициска фирма.
Дали се уште се бавиш со кик бокс или со некој друг спорт?
-Кик боксот сега ми е само хоби, како и везбање во теретана,спиннинг, инсанити тренинг или којбило спорт што ќе ми го исцрпи вишокот на енергија.
Како беше да се тренира кик бокс во Македонија во раните 90-ти години, кога овој спорт почна да си го трасира патот кон семејството на спортовите?
– Како што ќе речат англичаните: „It was the best thing I have done in my life“. Беше навистина тешко, се што претрпевме и во какви се услови трениравме…ни најмалку не се кајам. Тоа не направи да бидеме само поиздржливи и да не се откажуваме така лесно. Одевме со едно мото: „Ако нешто премногу се сака, со многу голема упорност и ќе се добие“.
Со Јасна Страчковска бевте синоним за храбри девојки кои тренираат машки спорт, кој е многу груб Како бевте прифатени од самата средина? Што ви велеа луѓето? Како регаираа твоите родители кога разбраа дека тренираш кик бокс? Како беше во тоа време да стигнеш до светскиот врв од едно мало Делчево со целиот конзерватизам на средината?
-Имам многу респект за луѓето кои тренираат каковбило спорт. Секој спорт е груб и тежок на свој начин. Бидејќи кик боксот не беше популаризиран во Македонија, многумина имаа сваќање дека кик боксот е уличен спорт, па дури беше несфатливо дека девојче може да биде дел од таков спорт. Имав многу голема поддршка од татко ми. Можеби, тоа и ми даде поттик да не се откажам, само затоа што не е прифатливо за средината во која живееме. Тоа, пак, си повлече други работи кои си носеа свои тежини: не што сакав на себе да докажам дека можам, туку и дека можеш да бидеш најдобар во тоа.
Од друга страна, Делчево стана расадник на квалитени кикбоксери кои се вивнаа во европскиот и светскиот врв. Мики Ивановски мината година на Европското првенство во Билбао го освои бронзениот медал, а и сестрите Стојчевски (Кристина и Елена) се во репрезентацијата на Македонија, а Кристина имаше и професионален меч во Полска. Што е тоа што се случува во Делчево-да се раѓаат шампиони во кик бокс?
–Можеби е чистиот воздух-хаха! Мала шега. Баш би сакала да мислам дека јас имам некој удел во тоа, но мислам дека е чиста коинциденција. Многу ми е драго се споменува Делчево и дека произлегуваат кавлитетни луѓе. Но, мислам дека треба уште време да помине додека финансиите и политиката нема да претставуваат проблем.
На некој начин, разочрана и со горчина го напушти овој спорт, но и Македонија. Зошто?
-Ова прасање да ми беше поставено пред 16 години, додека се уште бев во Македонија, одговорот ќе ми беше многу поразличен. Времето си го направи своето и ќе останам на тоа дека така требало да биде.
Дали имаше обиди повторно да му се вратиш на спортот?
– Сега засега не! Но, можам да кажам дека животот на Западот ти е еден ринг каде што постојано се бориш. Можеби не физички, туку психички.
Што ќе кажеш за твојот тренер Зоран Петковски?
-Привилегија е да се знае човек како Зоки. Веруваше во мене, ме насочи на прав пат. Несебично ми ги пренесуваше неговите знаења.
Што ќе им порачаш, пред се на оние од понежниот пол, зашто е добро да тренираат кик бокс?
-Лек за самодоверба. По мое мислење, ниту еден спорт него оформува телото како кога применувш вежби од кик боксот.
Твојот сопруг смее ли да го подигне гласот? Како беше на првата средба кога разбра дека си кикбоксер, и тоа светски првак?
– Мислам ќе треба него да го прашате-хахаха . Можам само да кажам дека долго време не знаеше дека сум тренирала кик бокс, а уште помалку дека имам освоено светски титули. Дозна случајно, „благодарејќи“ на „Гугл“.
Доаѓаш ли во Македонија?
Да ,секое лето со фамилијата .
Што ти недостастасува во Англија?
-Не знам дали нешто ми недостасува. Животот овде е многу поразличен. Бидејќи во Лондон дојдов кога имав само 17 години, веќе сум интегрирана во овој систем и полесно е да прифатиш многу работи.
Дали некого го подучуваш кик бокс?
-Понекогаш.
Колку спортот ти помогна да се снајдеш во новата средина?
-Да не беше кик боксот мислам дека немаше да се изградам во личноста која сум сега и се што имам постигнато на персонално и работно ниво во Лоднон.
Што работи Маја кога не се занимва со спорт?
Претежно околу децата и спиннинг.
Имаш ли наследници?
-Имам 2 синчиња, 2 ипол и 12 години. Постариот повеќе насочен кон фудбалот, а за малиот уште не се знае.
Спортска лична карта
Маја Витановска почнува да се занимава со кик бокс кон крајот на 1994 година во Делчево во клубот „Јун Фан“. Потоа, во 1995 година кариерата ја продолжува во „Шао Лин“ од Скопје. Парелелно тренира и бокс во БК Кисела Вода.
Витановска е двократен државен првак на Македонија во семиконтакт и фулконтакт; светски првак во лоу кик и фулконтакт на Свеското превенство во Милано, Италија, 1997 година во категоријата до 51 кг, 1998 година во Данска е светски првак во лајт контакт до 55 кг.
ipon.mk/В. Донев