Даниел Стефановски (82,5 кг) стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, откако вечерва го совлада Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.
Стефановски има 20 години и до сега одработи 29 борби во К-1 и талјандски бокс и е европски првак во К-1.
Инаку Даниел е првак на Швајцарија во категоријата до 75 кг од 2013 година во тајландски бокс и европски првак од 2014 во верзијата ВПМЦ. На 9 јули ќе се бори за титулата европски првак во ИФЦ.
Органзатор на настанот беше клубот на Стефановски „Фајтџим“- клуб за ММА, борење, бразилско џиу-џицу и тајландски бокс.
Ipon.mk/В.Д.