Нина Ансароф е првата Македонка која се бори во најмоќната светска ММА организација УФЦ, а настапува за Америкен топ тим од САД. Досега има 6 победи (4 со КО/ТКО, 1 со сабмишн и 1со судиска одлука) и 5 порази (1 сабмишн и 4 со судиска одлука).
Таа синоќа на УФЦ 195 загуби од Џастин Киш, а претходниот пораз е на УФЦ фајт најт 56 на 8 ноември 2014 година од Хулијана де Лима Карнеиро.
Инаку таа има рекорд од пет победи во низа на Инвикта ФЦ и други организации.
Македонаката која е родена 1985 година, на шестгодишна возраст почнала да тренира таеквондо, а во 2009 година мешани боречки спортови, додека професионалната кариера ја почува во 2010 година, при што прави рекорд 5-3, однонсо има пет победи во низа.
Ipon.mk/В.Д.