Ацуши Аоки (63), најверојатно никогаш не сонувал во каква ситуацијата ќе му биде од корист долгогодишното тренирање на карате.
Благодарение на оваа боречка вештина успеал да совлада мечка.
Него големата ѕверка го нападнала додека пецал во едно езерце во шумата, но овој карате мајстор успел да ја совлада со едноставен карате потег.
„Беше неверојатно силна. Ме собори на земјата, ме изграба и ме изгриза, но успеав да го прободам во очи и да побегнам“, вели Ацуши.
Тој сам отишол во болница во Наганохара, каде што му ги лекувале за гризнатините и гребнатините.
Меѓутоа, полицијата на Јапонија предупредува дека и други луѓе кои би можеле да се сретнат со мечка во никој случај да не ја применуваат неговата техника.
https://youtu.be/yoGYCDAji4c