Мајкл Пејџ му се реваншира на Даглас Лима за поразот пред две години и со тоа се одмазди за единствениот пораз во кариерата.
Британскиот ММА борец го победи Бразилецот со поделена одлука на судиите во главната борба на Белатор 267 во Лондон.
Тоа беше многу поизедначена борба отколку нивниот прв дуел. И двајцата разменија многу удари, а на крајот нијансите одлучија. Двајца судии му дадоа предност на Пејџ, а еден беше за Лима.
Во борбата за титулата Леа Мекорт ја совлада Џесика Борга со едногласна одлука на судиите, додека борбата меѓу Роберт Вајтфорд и Ендрју Фишер беше прекината во втората рунда по ненамерен убод во окото.
Лук Трејнер го совлада Јаник Бахати во средината на втората рунда, додека Тим Вајлд го совлада Ив Ланду со едногласна одлука на судиите.
Резултати – Белатор 267:
Мајкл Пејџ – Даглас Лима – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Лиа МекКурт – Џесика Борга – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Роб Вајтфорд – Ендрју Фишер – без одлука (случен убод во окото), Р2 (2:50)
Лука Тренер – Јаник Бахати – ТКО, Р2 (2:50)
Тим Вајлд – Ив Ланду – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Воведни борби:
Луис Лонг – Мајкл Дубоа – тех. завршница (задушување од подзади), Р1 (0:41)
Дејви Галон – Кејн Муса – едногласна одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Елина Калиониду – Петра Шасткова – завршница (кука на пета), Р1 (2:07)
Џек Грант – Нејтан Џонс – ТКО, Р1 (2:16)
Фабакари Дијата – Нејтан Роуз-едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Кјара Пенко – Катарина Далида – завршница (лост), Р1 (2:45)
Хуршед Кахоров – Јаир Жуниор-едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)