Мајкл Конлан (12-0, 7 КО) изминатиов викенд по втор пат во професионалната кариера боксираше во родниот Белфаст.
27-годишниот Ирец првично требаше да се бори против Владимир Никитин кој го победи со контроверзна одлука на судиите на Олимпијадата во Рио 2016 година.
Но, Русинот се повреди и во рингот со Конлан пред десетици илјади фанови во „Фолс Парк“ влезе Диего Алберто Руиз (21-3, 10 КО).
25-годишниот Аргентинец стигна до 10 последователни победи, но никогаш во кариерата не боксирал надвор од родната земја.
27-годишниот Ирец со десно кроше во тело го собори Руиз во средината на деветата рунда. Аргентинецот одговори на броењето, но од неговиот агол наскоро ја прекинаа борбата.
Поранешниот светски и европски аматерски шампион со оваа победа ја одбрани ВБО Интерконтиненталната титула во перолесна категорија и ја освои празната ВБА интерконтинентална титула.