Мајкл Чендлер: Махачев е сериозна работа

Мајкл Чендлер призна дека Ислам Махачев е „сериозна работа“ по неговата победа на УФЦ 280 над Чарлс Оливеира.

На главниот настан во Абу Даби минатиот месец Ислам Махачев стана шампион на УФЦ во лесна категорија. Го направи тоа победувајќи го Чарлс Оливеира, едноставно кажано, на доминантен начин.

Тоа беше победа која навистина се издвојува над другите негови борби. Додека „До Бронкс“ се сметаше за крал на дивизијата, за Махачев тој беше само пречка да се помине.

Со релативна леснотија го совлада Бразилецот и сега планира истото да му го направи и на Александар Волкановски.

Мајкл Чендлер, кој претходно не беше сигурен во потенцијалот на Махачев, го кажа ова за победата на Русинот:

„Ислам е сериозна работа. Мислам дека кога претходно ме прашаа за него, тоа што го кажав беше вистина. Ислам не се борел со никого од првите пет. Но, Чарлс, исто така, изгледаше толку доминантно над своите противници тогаш“, рече Чендлер.

Но, Ислам излезе и покажа дека е сила во стој, на која треба се смета. Очигледно, тоа е сила што треба да се смета и на партер. Имаме нов шампион, неговото име е Ислам“.

https://www.youtube.com/watch?v=8jBjTLscV54&feature=emb_title

Додека Махачев се чини дека веќе има борба во февруари, Чендлер има важна борба следниот викенд.

На УФЦ 281 „Ајрон Мајк“ ќе се соочи со Дастин Пориер во голем меч во лесна категорија во Медисон сквер гарден. Доколку победи, може да се каже дека оди во уште една шампионска борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON