Мајкл Чендлер: Ќе ги нокаутирам Пориер, Гејџи и Оливеира

Поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор, Мајкл Чендлер верува дека ќе стане шампион во УФЦ. 34-годишниот Американец дебитираше во УФЦ кон крајот на минатиот месец во Абу Даби. Го нокаутира Ден Хукер во првата рунда и освои бонус.

Оваа победа го смести во топ 5 во лесна категорија, а Дана Вајт има големи планови за него. Постојат големи шанси Чендлер да се бори за титулата оваа година.

Мајкл е уверен во своите вештини и се закани дека ќе ги нокаутира најдобрите борци кои се претенденти за злато. Чендлер избувна за американските медиуми со следново:

„Ќе ги нокаутирам Дастин Пориер, Џастин Гејџи и Чарлс Оливеира. Ќе го нокаутирам секој од овие момци во првата или втората рунда.

Ќе ја освојам титулата во лесна категорија во мојата следна битка или по неа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON