Мајкл Чендлер се уште не го вади од уста Конор Мек Грегор.
Американецот требаше да се судри на УФЦ 303 во јуни 2024 година. Двајцата дури беа тренири Ултиумејт фајтер. Но, тогаш Мек Грегор го скрши прстот на ногата и целиот план пропадна. После тоа беше тивко и престана да се зборува за борбата. По неколку месеци без ажурирања, Чендлер почна да добива желба да се врати.
Тој прифати реванш против Чарлс Оливеира, но загуби во ноември 2024 година. Сега на Чендлер му претстои борба со ѕвездата во подем Педи Пимблет во април на УФЦ 314 во Мајами, Флорида. Сепак, тајно продолжува да се надева на оваа голема борба со Ирецот.
Мајкл планира веднаш да го земе микрофонот, ако го победи Пимблет на 12-ти април.
„Ќе ја завршам работата на 12-ти април и повторно ќе го предизвикам Конор Мек Грегор. Без разлика на се, ме исмејуваат. Сакам да го гледам како тип кој го држи зборот. Ако се врати оваа година, ќе се борам со него”, изјави Чендлер.
https://twitter.com/HappyPunch/status/1905368261484794297
.