Мајкл Биспинг му порача на Конор Мек Грегор да го отпушти тренерот

Конор Мек Грегор го загуби третиот дуел против Дастин Пориер на УФЦ 264 што се одржа минатиот викенд во Лас Вегас. Ирскиот борец мораше да го предаде мечот откако беше сериозно повреден на крајот од првата рунда. По операцијата која траеше три часа, Конор ќе чека малку подолго да закрепне.

А многумина забележаа дека Мек Грегор не беше многу убедлив на почетокот на мечот против Дајмонд.

Поранешниот шампион на УФЦ, Мајкл Биспинг смета дека Ирецот треба да размисли дали да продолжи да работи со својот тренер Џон Каванаг, кој по борбата изјави дека Конор е фантастичен и дека ќе го одведе мечот на своја страна во втората рунда.

„Тренерот на Конор, Џон Каванаг рече дека не забележал ништо што ќе го загрижи и истакна дека верува оти Мек Грегор ќе победи со нокаут. Ако е тоа вистина, тогаш Конор треба веднаш да му врачи отказ на тренерот“, рече Биспинг и му рече на Ирецот:

„Се на се, изгледаше загрижувачки, бевте на партер и ве доминираше. Судиите забележаа 10-8 поени за Дастин во првата рунда, а тоа е загрижувачко. Не сакате некој да ве претепа, а тоа се случи овој пат“.

Биспинг верува дека Мек Грегор би имал големи проблеми во втората рунда.

„Немаш среќа кога ќе ја скршиш ногата, но во која насока борбата ќе одеше ако не се случеше тоа. Не мислам дека Конор би имал шанса за пресврт, а особено за да стигне до победа во втората рунда. Мек Грегор секогаш беше најдобар во првата рунда, а сега тоа не беше случај. Неговиот учинок, кој го покажа на почетокот на мечот, не беше ни приближно добар“, подвлече Мајкл Биспинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON