Мајки Гарсија ги обедини титулите во лесна категорија (ВИДЕО)

Мајки Гарсија (39-0, 30 КО) продолжува да ги собира титулите на светски шампион.

Во судирот на непоразените светски шампион во лесна категорија 30-годишниот Амероканец пред 12.500 илјади гледачи во Стејплс центарот со едногласна одлука на судиите (118-109, 117-110, 116-111) го победи Роберт Естер Јуниор (21-1, 14 КО) и на својот ВБЦ го додаде и ИБФ појасот.

Гарсија го собори Естер пред крајот на третата рунда. Откако го погоди со десниот директ од комбинација1-2, со лево кроше го испрати противникот на подот.

Ова беше десетиот меч за обединување на титулите во историјата на лесната категорија и прва од борбата Хуан Мануел Маркез и Хуан Дијаз од 2009 г.

Гарсија досега ги освојуваше титулите во четири тежински категории. Неговиот план е да се подигне во велтер категорија и да го предизвика непоразен шампион на ИБФ, Ерол Спенс (24-0, 21 КО).

Спенс ја следеше победата на Гарсија од публиката.

„Ова е голема борба. Најголема до која може да се дојдам во овој момент. Лесно е да ја договориш. Шоутам е за. Нашите тимови се за. Се надеваме дека оваа година во ноември или декември“, рече по победата Гарсија.

https://youtu.be/NidfUYnkghI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON