Прозборе и мајката на најпопуларната дама во УФЦ, Ронда Русеј, доктор Димарс. Таа одговори на прашањето што најмногу ги интересираше новинарите од порталот BloodyElbow.com, зошто згодната борачка нема момче.
Мајката на Ронда се размуабетила во врса со тоа прашање, нервирајќи се дека за тоа е виновна нејзината популарност. Таа додаде дека околу неа се собирале на луѓе кои сакаат да земат дел од нејзината популарност, така што е многу тешко да се направи разлика кој е таму поради неа, без разлика на тоа дали е таа популарна или не.
Како најдобар ПР агент, мајката на Ронда рекла дека е јасно оти и киборг се плаши од нејзе, бидејќи асвесен дека без помош на стероиди нема шанси да се дојде до победа. Не застанала тука, тукку и добро ја изрекламирала и кажала за добротворна работата на нејзината „нежна принцеза“, одавајќи како таа редовно учествува во многубројни анонимни донации и собирање на храна и облека за сиромашните.
Кој ќе те пофали, ако не мајката!