Мајк Тајсон заспа за време на интервју (ВИДЕО)

Еден од најголемите боксери на сите времиња Мајк Тајсон заспа во етерот за време на интервјуто за англиското шоу „Good Morning Britain” ( (Добро утро, Велика Британија) на ITV. За време на вклучувањето на најстрашниот борец во во тешка категорија, тој неколку пати се сопна и првично ги загрижи своите навивачи, но подоцна даде објаснување.

„Здраво, Пирс Морган, „Добро утро Британија“ и Сузана Рид, и цела Велика Британија. Се обидов да останам доцна за интервјуто, но заспав. И како лав, за човек е многу тешко да ме разбуди откако ќе заспијам. Тренирам напорно и легнувам рано. Немав монитор пред мене и не можев да те видам и заборавив да погледнам во камерата“, напиша Тајсон на Твитер.

Тајсон се подготвува за неговиот долго очекуван судир со Рој Џонс Јуниор на 29 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON