Мајк Тајсон одговори на гласините дека може да се врати во боксот.
– Малку е веројатно да се вратам во рингот, но сепак сум во форма. Сакам да гледам бокс, да размислувам за тоа, да комуницирам со новата генерација на борци. Брзината и моќта се се уште со мене, рече Тајсон (53) за „Сан“.
Тајсон ја заврши кариерата на 11 јуни 2005 година. Тој има 50 победи и 6 порази.