Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон повторно фрли сомнеж за неговото враќање во боксерскиот ринг против контроверзниот Џејк Пол, откривајќи дека е загрижен за проблемите со мобилноста. Пред нешто повеќе од два месеци ја одложи борбата поради проблем со чир.
58-годишниот Тајсон треба да се врати во рингот подоцна оваа година, на 15-ти ноември во Арлингтон, Тексас. Тоа ќе биде негова прва професионална борба од 2005 година кога беше поразен со нокаут од Кевин Мекбрајд во Вашингтон.
„Проблематичното дете“ Пол ова лето ја забележа 10-та победа во професионалниот бок, победувајќи го поранешниот УФЦ во полусредна категорија и сегашен борец на БКФЦ, Мајк Пери, со нокаут во шестата рунда.
Иако официјално е потврдено дека Тајсон ќе го дели рингот со Пол, боксерскиот великан уште еднаш изрази загриженост за своето здравје, откривајќи дека тешко оди.
„Тешко ми е да одам во моментов“, изјави Тајсон за УСА тудеј спорт во неодамнешното интервју. „Но за два месеци ќе бидам совршен. Борбата се добива во сала“.
„Слушајте, ќе направам се што ќе ми помогне“, продолжи поранешниот светски шампион, „Уживам да го поминувам времето со моите пријатели од детството, а не ми е грижа за Џејк Пол“.
Тајсон последен пат влезе во рингот пред четири години во егзибициска борба против поранешниот светски шампион Рој Џонс Јуниор, која заврши нерешено. За време на неговата богата кариера Тајсон стана еден од најстрашните нокаутери на сите времиња, со дури 44 нокаути. Ќе видиме ли 45-ти нокаут кога ќе влезе во рингот против Пол? Ако воопшто има меч?