Легендарниот Мајк Тајсон започнува жестока кампања против коронавирусот.
„Железниот Мајк“ ќе собира донации во специјална организација на која фанови ќе и испраќаат пари. За возврат, Мајк ќе му понуди на среќник ВИП посета на неговиот дом.
Тајсон ќе ги покрие сите трошоци за патувањето во Лос Анџелес (кога ситуацијата ќе го дозволи тоа), средба со боксерот во неговиот познат ранч, специјална обиколка на куќата, празничен ручек и учество на подкастот на Мајк.
Тоа не е сè – среќниот добитник ќе добие персонализирана видео порака од најмладиот светски шампион во тешка категорија.
Во ЛА среќниот добитник ќе биде сместен во луксузен хотел две ноќи и ќе му биде овозможена обиколка на градот.
Минималните донации за организацијата се 10 американски долари (за учество во томболата) – врска до неа.
„Внимавајте. Заедно, ќе им помогнеме на науката, семејствата кои имаат потреба и ќе се бориме против оваа подмолна болест“, рече Мајк Тајсон.