За време на одморот, кој му го допушти Цитроен, Крис Мијк се проведе доста интересно. Конкурентот од Светското рели првенство стави слики од лет со падобран и средба со легендарниот боксер Мајк Тајсон.
Тој не учествуваше во последното коло во Германија, но изрази сочувство за совозачот Стефан Лефевр. Французинот и неговиот навигатор закрепнуваат успешно по шокот од несреќата за време на викендот, но се уште нивното присуство до крајот на сезоната на патеки не е сигурно. Траумите не се лесни, а Мијк би бил подготвен веднаш да ги промени.
Претходно тој искажа огромна желба да учествува на релито во месец октомври во неговото родно место, но се претпоставуваше дека неговите колеги од францускиот тим Лефевр, Бријн и Калид ал Касим ќе бидат во тркачките автомобили, за да собираат искуство. Мијк нема шанси за титула, но забележа две победи во оваа сезона. Цитроен исто така не учествува официјално како конструктор во шампионатот оваа година и би сакале да ја сочуваат формата на Мијк, со кого потпишаа договор за следната сезона, кога ќе дебитираат во WRC.