Мајк Тајсон се соочува со тужба поради борбата со Џејк Пол, треба да плати 1,5 милиони долари

Маркетинг агенцијата „Медиер“, чија адреса е на Кипар, го тужеше познатиот боксер Мајк Тајсон за 1,5 милиони долари, тврдејќи дека тој го прекршил договорот со нив учествувајќи во борбата со Џејк Пол, објави Фокс њуз.

Фирмата, со седиште во Лимасол, ја промовира обложувалницата „Рабона“, а тужбата пристигна на адресата на Високиот суд во Лондон.

„Вистинската причина зошто Тајсон и ‘Тираник’ (неговата фирма) бргу и незаконски го раскинаа договорот е бидејќи Тајсон прифати договор и спонзорство со ‘Нетфликс’ за борба против инфлуенерот Џејк Пол“, се вели во тужбата.

Споменатиот договор беше потпишан во јануари, а раскинат веќе следниот март. Поточно, „Медиер“ бара 800.000 долари од Тајсон за „неисполнети услуги“ и уште 729.000 долари за „потрошени трошоци за производство и промоција“.

Адвокатите на Тајсон тврдат дека „Медиер“ го прекршила договорот зашто не добила одобрение од нејзиниот клиент за промотивниот материјал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО