Најлошиот човек на планетата и најстрашниот човек во професионалниот боксерски ринг, Мајк Тајсон се плаши од се. Легендата го направи ова изненадувачко признание во емотивен разговор со својот терапевт. Се емитуваше во живо на подкастот на Анималl.
Поранешниот светски шампион според многумина е еден од најголемите во историјата на овој спорт. Тој само со влегувањето во рингот внесуваше стравопочит кај противниците. Но, сите знаеме дека Тајсон со текот на годините зборуваше за многу свои проблеми, најмногу од психолошка гледна точка.
Сега споделува дека всушност е многу агресивен тип токму затоа што се плаши од се.
„Не можам да го контролирам насилството. Дали тоа ви изгледа разумно? Јас, Мајк Тајсон. Многу се плашам, апсолутно од сè. Единствено што знам е како да напаѓам. Луѓето не веруваат дека се мразам себеси“, емотивно вели „Железниот Мајк“.
View this post on Instagram