По победата во ретко виден спектакл во кралската категорија, Мајк Тајсон се согласува со тоа дека Ентони Џошуа е најдобар тешкаш на денешницата.
„Ако продолжи вака, за тоа небото е граница“, рече „Железниот Мајк“ за Скај спорт.
„Само оваа една борба го промени боксот. Само оваа борба, а тоа е она што му треба на боксот“.
„Мејведер заработува многу пари, а ние имаме многу мали момци кои одлично се борбат, но луѓето сакаат да видат борба на тешкаши“.
„Тешкаш кој знае да се бори, како Ентони Џошуа, тоа е она што го прави боксот голем. Боксот е голем поради тешкашите“.
„Другите момци може заработат пари, но не може да го направат спортот голем“.