Светот го чека најважниот бокс меч на годината. Кличко (64-4) и Ентони Џошуа (18-8)вечерва на распродадениот Вембли пред 90.000 гледачи боксираат за шампионските титули во ИБФ, ИБО и ВБА.
Легендарниот боксер и поранешен шампион Мајк Тајсон откри кој е неговиот фаворит.
„Сакам да победи Кличко, но нема да му биде лесно, гледав снимки од Ентони Џошуа“, рече Железниот Мајк и додаде:
„Возбуден сум поради мечот. Џошуа е ѕвер, ме потсетува на Џорџ Фореман од младите денови. Ги разбива сите што ќе застанат пред него. Џошуа мора рано да го заврши мечот, а ако порае 12 рунди Кличко може да победи. Џошуа изгледа како шампион, но ќе го видиме во дуелот со Кличко. Тој би можел да биде иднината на овој спорт“.