Мајк Тајсон: Нурмагомедов е пожесток и од мене

Боксерскaта легенда Мајк Тајсон ја коментираше спектакуларната ММА борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор, по која Дагестанецот скокна да се тепа со целиот штаб на Ирецот.

„Никогаш не сум претпоставувал дека така ќе заврши мечот. Лудило! Овој е пожесток и од мене“, напиша Железниот Мајк на социјалните мрежи.

По средбата полицијата уапси три лица од штабот на Нурмагомедов, а тој беше заплашен со одземање на шампионскиот појас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON