Поранешниот неприкосновен светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон (50-6) јасно стави до знаење дека има намера да се бори со Џејк Пол (10-1).
Минатиот викенд Пол го нокаутира Мајк Пери (0-2) во шестата рунда. Мечот се одржа во Флорида, САД. Пол првично требаше да се бори со Тајсон, но борбата беше одложена поради здравствените проблеми на „Железниот човек“.
Тајсон и Пол ќе се борат на 15 ноември на АТ&Т стадионот во Далас, САД. Борбата ќе се пренесува во живо на Нетфликс. Мечот нема да биде ревијален, туку професионален боксерски меч, што ќе се одрази во статистиката на двајцата.
„Одбројувањето започнува:
– 118 дена.
– 16 недели и 6 дена.
– 2832 часа.
– 169.920 минути.
— 10.195.200 секунди“, напиша Тајсон на социјалната мрежа X.
— Mike Tyson (@MikeTyson) July 21, 2024