Александар Усик кон средината на мај ја постигна најголемата победа во кариерата. На настанот во Ријад, украинскиот борец со поделена одлука го победи Тајсон Фјури и ги обедини шампионските појаси во тешка категорија.
Најдобрите тешкаши на денешницата веднаш се договорија за реванш кој ќе се одржи на 21 декември во Саудиска Арабија, но овојпат тоа нема да биде за апсолутниот светски шампион, бидејќи Усик го ослободи појасот на ИБФ.
Даниел Дубоа и Ентони Џошуа на 21 септември на Вембли ќе се борат за титулата шампион на ИБФ, а победникот најверојатно ќе добие меч против подобриот од дуелот Усик – Фјури.
И еден од најголемите тешкаши во историјата, 58-годишниот Мајк Тајсон, се враќа во рингот на 15 ноември против 31-годишниот јутјубер Џејк Пол.
Железниот Мајк неодамна пред камерите изјави дека Тајсон Фјури може да му се оддолжи на Александр Усик за неговиот пораз, но и му порача на Кралот на Ромите што мора да направи за да го победи Украинецот:
„Сфати го тоа сериозно“.