Мајк Тајсон: Многу луѓе удираат пислно од мене, но не се шампиони

Големата бокс легенда Мајк Тајсон смета дека Дионтеј Вајлдер може да биде боксерот со најтешкиот удар во боксот. 54-годишниот ветеран се најде на 16-то место на ранг листата на 100-те најголеми ударачи на сите времиња.

Сепак, ова не е нешто што го возбудува Тајсон, кој признава дека има многу луѓе кои удираат посилно од него, но не се шампиони.

Мајк продолжува да тренира напорно за да се врати во рингот и да заработи пари  кои ќе ги донира во добротворни цели. Во еден од неговите последни настапи во медиумите, Мајк реши да зборува за тешките удари и еве што мисли за нив:

„Искрено, не знам дали Дионтеј Вајдлер погоди посилно од мене. Најверојатно е така, но никогаш не сум ја почувствувал неговата сила. Можеби тој е боксер со најтешкиот удар. Не сум ја почувствувал неговата сила, но сум бил боксерот со најсилниот удар – не значи дека сакам да бидам најдобар борец.

Дали знаете колку луѓе има кои удираат посилно од мене и Форман, но сè уште не се шампиони? Тие удираат посилно од нас, изгледаат подобро од нас и заработуваат повеќе пари од нас, но тие не се шампиони“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON