Легендарниот шампион Мајк Тајсон не крие дека е голем обожавател на Конор Мек Грегор, но исто така гледа дека Ирецот претерува и го советува дека треба да се прибере. Во текот на изминатите неколку години, „Озлогласениот“ заработи многу пари кои го променија на лошо, а Тајсон многу добро знае какво е тоа чувство. Мек Грегор си создаде многу проблеми со властите и за неколку дена ќе појави на суд во Ирска, затоа што е обвинет за напад на повозрасно лице.
Ова е последица по ударот во април на Мек Грегор над својот сонародник кој не сакаше да го пие неговото виски. Му се заканува затвор до 6 месеци или парична казна. Дефинитивно, ситуацијата не му е во розова. Голема е веројатноста дека и овој пат ќе се извлече, но Мајк го советува да остане цврст, затоа што не секогаш се ќе му биде подмачкано.
„Мислам дека е одлично момче. Не знаеме како да се справиме со овие работи. Ние наравиме милиони долари, но порано го немавме тоа. Нашите семејства ги немаа овие работи и немаа таков живот. Одеднаш ќе започнете да се борите и лесно го правите она што го сакате.
И, доаѓа време кога ви се даваат многу пари за да го направите тоа. Сепак, немаш ограничување и немаш контрола. Не знаеш што да правите. Почнуваш да ги раздаваш и да купуваш подароци на луѓе кои веројатно не го заслужуваат тоа.
Конор треба да биде освести и да се запраша „што правам“? Зошто сум во оваа позиција и како можам да се справам?“