Легендарниот шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон верува дека Конор Мек Грегор никако не би можел да го победи шампионот на уФЦ во леснакатегорија, Хабиб Нурмагомедов. Дури и десет пати да се борат.
Мек Грегор од Нурмагомедов убедливо загуби принудувајќи на предавање во четвртата рунда на УФЦ 229 во Лас Вегас во октомври минатата година. Воедно, тоа беше последниот настап на најголемата боречка ѕвезда во светот.
Во неодамнешното интервју Тајсон изјави дека Ирецот е гениј кога станува збор за промоција и продажба на борбата, но не верува дека Мек Грегор е способен да го победи непоразениот Дагестанец во евентуалниот реваншот.
„Слушајте, јас мислам дека Конор Мек Грегор е маркетиншки гениј. Хабиб го победи, зарем не? Но, се уште сакаат борба! Луѓето се уште сакаар да го видат против Хабиб. Но, тој нема да го победи Хабиб. Никогаш нема да го победи Хабиб. Ама, луѓето ќе продолжат да плаќаат за да го видат како се бори против Хабиб“.
Тајсон тврди дека Мек Грегор не би можел да го победи Нурмагомед, дури и да се борат десет пати.
„Хабиб повеќе ќе заработи пари, така што да го порази овој човек кој знае дека може да го победи отколку да се бори во конкурентска борба против тип кој е способен да го победи. Значи, зошто не би се борел против него десет пати? Луѓето ќе платат да го гледаат тој меч десет пати, да видат како губи десет пати. Е, тоа е вистински маркетинг, милиони, милијарди. Тој е гениј, не можете да го негирате тоа“.
Не е познато кога и против кој Мек Грегор ќе се врати на натпревар. Новата борба планираше да ја има до крајот на годината, но малку е веројатен реваншот со Нурмагомедов во овој момент. Хабиб појасот во лесна категорија ќе го брани на 7септември против Дастин Пориер на УФЦ 242 во Абу Даби.