Мајк Тајсон ќе оди на нокаут во мечот со Рој Џонс (ВИДЕО)

Легендарниот Мајк Тајсон нема намера да прикаже лоша броба во мечот со Рој Џонс.

Вчера стана јасно дека нивната средба е официјална и ќе се одржи во септември во САД. Тајсон ќе се врати на 54-годишна возраст, а битката е предвидено да трае 8 рунди, што, сепак, можеби нема да ги видиме.

Во интервју за ТМЗ Железниот Мајк рече дека има само еден начин да се бори и не знае како да успори.

„Имаше време, кога бев со прекумерна тежина, земав дрога и пиев алкохол. Успеав да го сменам животот и започнав да тренирам. Ми понудија многу пари да се борам против Боб Сап, но одбив, затоа што бев дебел и не сакав да се борам. Потоа ми дојде една идеја и се согласив. Знам дека Сап е голем и силен, но можам да се справам со него според правилата на боксот.

Поради некоја причина, тие почнаа да одат од противник до противник, па во септември застанавме кај Рој Џонс. Не знам како се случи тоа. Благодарен сум што не живеам како што живеев порано. Не сакам да кажат дека го правам тоа за пари или да се збогатам, затоа што нема да земам ништо од битката. Го правам тоа затоа што можам. Во одлична форма сум и ќе ја подобрам издржливоста.

Секој што ме познава, знае како се борам. Не знам како да ја тргнам ногата од педалото. Има само еден начин на кој можам да се борам. Сега сум многу ентузијаст, затоа што ќе се борам за некој друг. Порано го правев тоа за да купувам работи. Не велам дека ќе станам најдобра и љубезна личност на светот, но сакам да пробам и да видам колку далеку ќе одам“, рече Мајк Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON