Мајк Тајсон: Ќе го нокаутирам Џејк Пол во првата рунда ако не ми бега

Мајк Тајсон е подготвен да се нафрли на Џејк Пол уште од првата секунда од нивната борба.

Следниот месец Тајсон и Пол се натпреваруваат во боксерски меч од осум рунди на 15 ноември на стадионот АТ&Т во Арлингтон, Тексас. Борбата првично требаше да се одржи на 20 јули, но 58-годишниот Тајсон се соочи со здравствен  проблем поради кој борбата мораше да се одложи.

Сега, кога се чини дека се е под контрола со здравјето, поранешниот шампион во тешка категорија гори од желба да се врати во рингот. Мајк е категоричен дека е подготвен за борба и очекува нокаут над јутјуберот доколку не трча околу рингот.

„Не е многу променето. Ова е борба за која тренирав. Тренирав многу понапорно. Едноставно сум подготвен. Тешко е да се објаснат методите на тренирање. Подготвен сум само да се борам.

Ќе му нанесам многу болка на Џејк Пол. Ако не треба да го бркам, можете да очекувате нокаут во првата рунда. Очекувам да трчам по ова момче една или две рунди“, рече Тајсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО