Легендата на светскиот бокс Мајк Тајсон очекува целосно едностран и категоричен настап од Сол Алварез – Канело (56-1-2) на мечот против Калеб Плант (21-0). Се очекува тие да се договорат за обединувачки меч во супер-средна категорија до крајот на годината.
Мексиканецот ги има светските титули на ВБА ВБО, освојувајќи го појасот на Организацијата од Били Џо Сандерс со чист нокаут на 8 мај. Плант, пак, е шампион на ИБФ, има три успешни одбрани на трофејот.
Според „Железниот“, Канело буквално ќе го исчисти подот со Американецот и ги повика роднините на Калеб да го разубедат дека има каквибило шанси против Алварез.
„Гледав меч на ова момче. Ќе биде рзнесен, ќе биде матиран, ќе треба толку многу борба. Да, сè е можно кога две лица влегуваат меѓу јажињата. Но, во овој случај, Плант ќе биде убиен. Вие сте негов пријател и ќе одите на неговиот погреб“, изјави легендата за Хотбоксин со Мајк Тајсон.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија додаде дека Плант нема ништо заедничко со Флојд Мејведер и е далеку од неговата класа и вештини. „Изгледа како едно од испразнувањта на Флојд. Ништо повеќе од тоа. Само почекајте и видете што ќе се случи кога Алварез ќе почне да го удира по телото, овие гадови удираат. Навистина ќе биде многу лошо“, рече Тајсон.