Легендата на професионалниот бокс, Мајк Тајсон, кој ја има медиумската етикета „најжесток маж на светот“, ја покажа и понежната половина. За време на тенискиот турнир во Индијан Велс (Калифорнија) 49-годишниот Американец беше фатен од Kiss Cam која ги предизвикува луѓето да си разменат бакнежи.
Страшното лице на рингот со насмевка го прифати предизвикот и ја бакна својата девојка (лево), додека Рафа Надал, Фернандо Вердаско и браќата Брајан се одмораа. Кога камерата се задржа подолго на Тајсон и неговата партнерка, боксерот избувна од смеа. Видете го видеото, каде што спортската величина е на крајот на клипчето.
https://youtu.be/b-WD1uuPxJs