Несомнено е дека Александар Усик е вистинскиот фаворит во пресрет на големиот реванш против Фјури оваа сабота. Во првиот меч за малку ќе го нокаутираше, додека Фјури воопшто не успеа да му се закани во текот на целиот меч.
Сега Фјури има шанса да се одмазди за единствениот пораз во професионалната кариера, а две боксерски легенди – Мајк Тајсон и Ленокс Луис – дадоа свое мислење за исходот од реваншот. Тајсон и Луис не се договорија кој ќе победи на реваншот, а Мајк рече:
„Усик е најдобриот тешкаш во светот во моментов, но ќе кажам дека Фјури ќе го победи. Зошто? Бидејќи јас сум негов обожавател, татко му го именуваше по мене. Нема да го оставам во овој момент“, изјави Мајк.
Сепак, Ленокс не се согласи и го избра Усик за победник:
„Мислам дека ќе биде спектакл, сигурно ќе биде сериозен меч. Едниот беше посериозен од другиот во првата борба и го доби мечот. Сега се во ситуација да имаат втор меч, Тајсон Фјури сака да го добие, мора да биде фокусиран. Се здебели и борбата сигурно ќе биде посериозна. Како и да е, не можам да одам против Усик. Александар Усик се докажува повторно и повторно, тој е непоразен“, изјави Луис.
Фјури дефинитивно овојпат мора да влезе поконцентрирано во мечот, а дали ќе го направи тоа ќе видиме во сабота. Усик за малку ќе го нокаутираше во првиот меч, се зборува дека Фјури заспал на нозе, што дефинитивно му дава психичка предност на украинскиот боксер на овој меч. Едвај ја чекаме сабота навечер!