Мајк Тајсон го учи Сехудо како да нокаутира со аперкат

Мајк Тајсон му ги пренесува своите вештини на поранешниот борец на УФЦ, Хенри Сехудо, запознавајќи го со тајните на бруталниот аперкат.

„Железниот Мајк“ важи за еден од најсилните боксери во историјата и неговиот аперкат од блиска дистанца му беше најсилното оружје.

53-годишниот спортист продолжува да се подготвува за враќање во боксот, поддржан од тренерот на ММА, Рафаел Кордеиро.

Во последното видео кое го објави Тајсон, тој му ги покажува на Сехудо техниките на аперкатот и како го уништува телото на противниците со два брзи аперкати.

https://www.vbox7.com/play:f78adf67cb

Тајсон и Сехудо се пријатели, а како што рече поранешниот шампион на УФЦ, „чичко Мајк“ не само што го научил боречки вештини, туку и заедно лправеа халуциногена жаба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON