Мајк Тајсон го советува Ентони Џошуа пред реваншот против Александр Усик

Поранешниот светски шампион Мајк Тајсон е голем обожавател на Ентони Џошуа и се надева дека британскиот боксер во сабота ќе ги врати шампионскиоте појаси на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија против Украинецот Александр Усик.

Легендата на боксот знае дека Ентони е пред еден од најтешките тестови во кариерата и го советува дека постојано треба да го притиска противникот и да ги следи неговите движења.

„Ќе биде тешко да се победи Усик бидејќи е брз и секогаш има повеќе удари“, вели Мајк Тајсон.

Џошуа на 20 август во Саудиска Арабија во реванш против Украинецот ќе се обиде да ги врати шампионските појаси кои ги загуби во септември минатата година.

Еднаш успеа да си ги врати титулите, а тоа се случи во декември 2019 година во Саудиска Арабија кога во реваншот го победи Енди Руиз.

„Џошуа мора да научи како да го избегне ударот на противникот по неговиот напад, бидејќи тоа е единственото нешто со кое не можеше да се справи. Усик има силен удар и одлично се движи, а на првиот меч беше пребрз за Џошуа“, истакнува Мајк Тајсон и додава:

„Затоа Ентони треба постојано да го притиска противникот во текот на целата борба. Тој има моќен удар, но мора да биде активен против таков борец, кој премногу се движи и има трениран удар. Џошуа треба едноставно да го надмудри Усик“.

Украинецот пред три години како светски шампион во крузер категорија премина во тешка категорија каде ги победи Чез Витерспун, Дерек Чисора и минатата година Ентони Џошуа.

Во последниот меч покажа зошто моментално е меѓу најдобрите боксерски техничари во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON