Мајк Тајсон го слави 50 роденден: Да се присетиме на неговите најдобри нокаути (ВИДЕО)

Mike-Tyson sedi na stol i s e smee

Легендарниот тешкаш Мајк Тајсон го слави својот 50-ти роденден.

Тајсон, кој е роден 30 јуни 1966 година, ја започна својата професионална кариера во 1985 година, кога во дебитанскиот настап го победи Хектор Мерцедес. Првите 19 победи ги оствари со прекин, а до 12 доаѓа веќе во првата рунда. Но сето тоа беше само почеток на неверојатниот пат кој ни донесе еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот.

Популарниот боксер кон крајот на 1986 година ја освои својата прва титула, кога во мечот за појасот на ВБЦ го победува Тревор Бербик. Во тие моменти младиот Тајсон зад себе има завидни 28 победи од исто толку средби. Веќе во следниот настап доаѓа до ВБА појасот, а во август 1987 година во својата колекција ја додава титулата шампион на ИБФ.

A низата на непоразен ја чува до средбата со Бастер Даглас кој во 1990 година во Токио му ги одзема сите појаси. Неколку години подоцна, „Железниот“ Мајк успева да поврати дел од изгубените титули, но потоа наидува на Ивандер Холифилд кој нанесува два порази по ред. Последниот обид уште еднаш да се искачи на тронот, го имаше во 2002 година, кога падѓа од ударите на уште една легенда, Ленокс Луис.

Кариерата ја заврши во 2005 година со скор 50-6-0-2 (44 КО), а зад себе остава некои од најпознатите и најатрактивните нокаути во историјата на овој спорт. Ќе го паметиме како најмлад боксер кој во негова сопственост ги држеше појасите на ВБЦ, ВБА и ИБФ. Тоа успеа да го постигне со само 20 години, четири месеци и 22 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON