Поранешниот светски првак, Мајк Тајсон, во биографијата „Нераскажана приказна“ изнесува доста скокотливи сцени од неговиот бурен живот исполнет со возбуди и многу контроверзи.
Возбудите не му недостигаа ни во рингот, ниту пак надвор од него. Англиските медиуми, кои во последниве денови повторно се занимаваат со неговиот лик и дело, пишуваат за некои делови од неговата биографија кои се помалку познати на јавноста.
Во неговите биографии напишано е за неговиот љубовен живот, па се откри дека поранешната жена, Робин Гивенс, со која бил во брак при крајот на 80-тите години, еден ден ја фатил во кревет со Бред Пит.
„ Бевме пред развод, кога еднаш влегов дома и видов дека не е сама. Прво ми се чинеше дека е во женско друштво, бидејќи личноста која беше со неа имаше долга коса. Потоа се виде дека тоа е Бред Пит. Требаше да му го видите изразот на лицето кога ме виде, како да виде дух. Ме молеше да не го удирам. Му се смилував и го пуштив да си оди, а тој избега“, изјавил Тајсон.
Претходно објавивме дека неговиот поранешен менаџер Рори Холовеј ја раскажал и приказната за него и за Наоми Кембел како имале жесток секс во тоалетот на еден хотел.