Мајк Тајсон ги налути Појаците: Вашето страдање е ништо во споредба со тоа на црнците (ВИДЕО)

Мајк Тајсон предизвика контроверзи на промотивната турнеја во Полска по изјавата дека на Полјаците „не им се случило никакво срање“ во споредба на дискриминацијата низ која поминале Афроамериканците во САД.

52-годишниот поранешен апсолутен шампион во тешка категорија беше во Варшава како дел од промоцијата на енергетскиот пијалок „Блек енерџи“. Планот беше спонзорот да го однесе Тајсон на посета на историски места посветени на востанието во Варшава против нацистите во 1944 и локации поврзани со холокаустот.

Одговарајќи на критиките на полските активисти дека компанијата бесрамно ја користи историјата на Втората светска војна, Тајсон ги спореди полските трагедии со тие на црните Американци.

„На вас Полјаците не ви се случи никакво срање во споредба со тоа што се случуваше со црните луѓе во Америка. Никој не ве држеше како робови 250 ебани години. И не ви ја силуваше мајката, сестрата и братот пред тебе пред да ги убијат. Тоа што ви се случи беше навистина лошо, но никој не е повеќе прогонуван од црните луѓе“, изјави Тајсон.

https://twitter.com/tvp_info/status/1143884399806730240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1143884399806730240%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsport%2F%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2598%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25bd-%25d0%25b3%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bb%25d1%2583%25d1%2582%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d1%2598%25d0%25b0%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%2588%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be-%25d1%2581%25d1%2582%25d1%2580%2F
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON