Мајк Тајсон доби уште едно признание за својата гламурозна кариера. Најмладиот светски шампион во тешка категорија во професионален бокс доби споменик.
„Железниот“ беше специјално поканет на откривањето на споменикот, кој е позициониран пред пицерија во еден од трговските центри во Лас Вегас. Местото не е случајно. Ресторанот за кој станува збор е познат во државата Невада како „боксерски храм“.
Сопственикот на пицеријата Мелбури стрит, Ричи Палмер, е страствен љубител на спортот, а самиот ресторан има многу фотографии и слики поврзани со историски моменти и незаборавни мечеви.
„Тајсон е човек кој е ера на боксот и особено на Лас Вегас. Дефинитивно заслужува таква почит за се што направи за спортот и за нашиот град. Разговаравме со него за опциите со кои можеме да го овековечиме и дојдовме до онаа со статуата“, изјави Палмер.
Самиот Тајсон среќно позираше покрај споменикот висок речиси 3 метри, велејќи дека е поласкан од честа.
„Ова е место кое го посетуваат сите љубители на боксот во градот. Оваа статуа ќе им помогне на луѓето овде да добијат уште поголем имиџ и јас сум благодарен за честа што ми ја дадоа. Сега секој ќе може да се фотографира со Мајк Тајсон“, изјави Железниот.