Кога Конор Мек Грегор ќе ја заврши борбата со Мајкл Чендлер на УФЦ 303, тој ќе го напушти октагонот како борец со само една борба до неговиот договор.
Ирската суперѕвезда пред птписот изјави дека неговиот сегашен договор со УФЦ има само две борби, а едната ќе биде против Чендлер на 29-ти јуни.
Откако присуствуваше на настан на БКФЦ минатата година, Мек Грегор изјави дека сака да се испроба во борбата без ракавици, барем еднаш во кариерата. Токму тоа сакаше да го слушне Мајк Пери откако го покани Мек Грегор во рингот на импровизирана борба по неговата импресивна победа над поранешниот шампион на УФЦ, Лук Рокхолд.
„Мислам дека тоа е можно“, изјави Пери за ММА фајтинг за борбата со Мек Грегор. „Кога мојот менаџер го изјаву тоа и тој рече: Тоа ќе се случи, јас реков ауу, леле, тоа е одлично“.