„Искрено, среќна! Не очекував дека веднаш ќе можам да погодам и да победам. Сепак тој има светски резултати, а јас не“, вели Маја Бобан за Ипон.мк откaко ја извојува првата победа на онлајн Самбо купот против претставникот од Франција, Ентони Сегар, со што се пласира во четвтрфиналето во категоријата до 68 килограми, каде што ќе се сретне со Словенецот Метод Добај.
Воопшто не и претставува проблем што за противник имала машко.
„Се надевам дека и утре ќе го победам Словенецот, кого гледав денес. Мислам дека можам да победам, иако ништо не се знае“, истакнува Маја Бобан.
Натпреварувањата на овој онлајн Самбо куп се состојат од теоретско познавање на самбо техниките, како и физичко изведување на некоја вежба. Победникот добива парична награда.