Маја Бобан е единствената натпреварувачка во нашата репрезентација која утре ќе отпатува на Светското првенство во самбо, кое од 5 до 8 ноември ќе се одржи во Нови Сад – Србија, и тоа зад затворени врати.
Покрај Маја која ќе се бори со сениорска конкуренција во спорт самбо -68 кг, за Македонија ќе настапат кадетите Берна Халиловиќ -56 кг, Душан Андонов -60 кг и Омар Факиќ +87 кг во спорт самбо; јуниорите Берна Идризи -56 кг и Бернард Реџиќ -90 кг, а Семир Авдиќ -90 кг, Един Дураковиќ -100 кг во машка конкурендија, додека Бобан Данов +100 кг ќе настапи во комбат самбо.
„За разлика од претходната година, годинава одам со многу поголема самодоверба“, вели Маја и додава дека подотовките се сведувале индивидуална работа на отворено, кондициони тренинзи и тренинг за сила.
„Другите држави работат во сала, ние не, но тоа не е причина да ме обесхрабри. Знам дека е силна конкуренцијата, но, едноставно, верувам во себе, во мојата желба за победа и да земам медал, како што беше Онлајн купот летово. Покажав дека не се плашам од предизвик. Едноставно, ќе дадам се од себе да победам! Не се плашам, имам јака самодоверба, па со Господ напред“, нагласи Маја Бобан.
Ipon.mk