Двајца мај тај борци истовремено се испратија во нокдаун. Интересната ситуација се случи на средбата меѓу Дорин Прајс и Џонатан Лека.
Тие си зададоа многу тешки удари во главата и се најдоа на земјата. Судијата го започна одбројување, а по се изгледаше дека ниту еден од двајцата нема да се стане. Сепак, Прајс собра сили и со мака се исправи пред судијата во рингот пред да стигне до десет. Со тоа тој победи во овој меч, бидејќи неговиот противник не успеа да стане.
„Многу добро не се сеќавам што се случи, но се радувам што и се допадна на публиката“, изјави Прајс за „Блади елбоу“ и додаде: „Обично одморам три дена по натпревар, но по овој ми требаше цела недела“.
https://youtu.be/XApu2VAUfJM
.