Демијан Маија ќе се сретне со Карлос Кондит овој викенд во УФЦ на ФОКС 21. Маија е на трето место на листата, а Кондит на четврто. Дана Вајт не кажа ништо во врска со ова прашање, но Маија е уверен во следново:
„Овој дуел ќе го потврди следниот кандидат за титулата. Тоа е битка меѓу поранешен шампион и борец со пет последователни победи.
Според мене многу ќе се бориме на земја. Тој е добар таму, но се надевам да ја наметнам мојата борба.
Јас сум борец, главно ориентиран кон борење, но имам поинаков стил од останатите граплери. Психичката состојба ми е многу поинаква“.
https://youtu.be/a4BNawPHRaE