Махмудов повторно беше нокаутиран, но овој пат од Вијанело

Ѕвездата на Арсланбек Махмудов (19-2) изгреа и згасна за прекратко време, повторно беше нокаутиран во боксерскиот ринг од Гвидо Вијанело (13-2-1) во Квебек.

Русинот блескаше во победите над Рафаел Акпежиори, Жуниор Ентони Рајт и Мајкл Волис бидејќи ги нокутира во рок од една или две рунди, но по поразот од Агит Кабајел кон крајот на минатата година, се чини дека му беше разоткриен праволинискиот стил.

Вијанело и овојпат искористи одлично движење во рингот и моќни напади на статичниот „Лав“ за да го нокаутира во 8. рунда откако му го затвори левото око од постојаниот притисок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО