Арсланбек Махмудов (19-2) сака што поскоро да се врати во игра за да го исчисти своето име од поразите од Агит Кабајел (25-0) и Гвидо Виjанело (13-2-1). Тој на социјалните мрежи сподели дека наскоро ќе има добри вести за своите следбеници.
Русинот стана хит на крајот на 2023 година кога ни беше претставен на големата сцена во Ријад со нокаутот за 70 секунди над Јуниор Ентони Рајт (20-6-1). Потоа ја загреа сензационалната борба меѓу Тајсон Фјури (34-2-1) и Френсис Нгану (0-2).
Асланабек имаше речиси совршен скор на нокаут победи во тој момент, но потоа дојде отрезнувачката шлаканица од Кабајел во Кингдом арената.
View this post on Instagram