Махачев за Гејџи: Соборен пилот! Не заслужува шанса за титулата

Рускиот шампион во лесна категорија на УФЦ, Ислам Махачев изјави која би можела да биде неговата следна борба.

Ѕвездата од Дагестан не го гледа Џастин Гејџ како борец кој заслужува шанса. Ислам го мисли истото и за Чарлс Оливеира кого веќе го победи пред 1 година. Оливеира- Махачев требаше да се борат минатиот месец, но Чарлс се повреди.

Така Ислам направи реванш со Александар Волкановски и го нокаутираше. Сегај има две опции пред себе, а тоа се Гејџи или Оливеира. Ислам нема да избира, туку тој избор ќе го остави на УФЦ.

„Очигледно ќе го бранам појасот. Но, засега не гледам 100% јасни противници. Не гледам кој заслужува да се бори за титулата, кој е претендент, бидејќи во топ 5 сите борци се победија. Победив против Чарлс Оливеира и немаше прашања.

УФЦ сака да му даде уште една шанса. Џастин Гејџи победи на две борби на спектакуларен начин, но пред тоа загуби од Оливеира. Тренерот на Шон О’Мели рече дека Гејџи е единствениот човек во лесна категорија што може да ме победи? Тоа им е во соништата.

Гејџи, што се однесува до мене, е соборен пилот. Колку борби имаше за појасот? И, конечно, има само тој неразбирлив БМФ појас. Мислам дека ова е неговиот максимум. Дали Оливеира ќе биде следниот? Денеска отидов во теретана и му се јавив на менаџерот. Разговаравме за идните планови.

Ме праша со кого би сакал да се борам. Само го прашав за датумот и тој ги имаше Гаејџи или Оливеира. Нека одлучуваат сами, но јас не сакам да бирам никого. Кој и да го смета управата на УФЦ за претендент, јас ќе бидам подготвен да се борам“, изјави Махачев на ТВ „Мач“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON